партија ж.

партија (ж.)

Ако е така, ќе приговори бугарската партија од Македонци, тогаш што означува црковното прашање, во кое Бугарите и Македонците одеа рамо за рамо и последниве се викаа и работеа со името Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
63. Како и на други места во книгата, Мисирков и овде му ги припишува на бугарскиот народ „глупостите“ што всушност ги правеле неговите претставници од разни партии и влади, на чело со кнезот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овде нема работничка партија, има само конзервативни и либерални радикали, а работниците заедно со нив преспокојно се користат од колонијалниот монопол на Англија и нејзиниот монопол на светскиот пазар.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ако водачите на денешната таканаречена „социјалдемократска“ партија на Германија со право го добија името „социјалимперијалисти“ т.е. социјалисти на зборови, а империјалисти на дело, уште во 1902 година Хопсон го одбележи постоењето на „фабијанските империјалисти“ во Англија, кои му припаѓаат на опортунистичкото „Фабијанско друштво“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Германскиот опортунист Герхард Хилдебранд, кој во свое време беше исклучен од партијата поради одбраната на империјализмот, а сега би можел да биде водач на таканаречената „социјал-демократска“ партија на Германија, добро го дополнува Хопсона пропагирајќи ги „Соединетите држави на Западна Европа“ (без Русија) заради „заеднички“ акции…против африканските црнци, против „големото исламско движење“, за држење „силна војска и флота“, против „јапонско-кинеската коалиција“ итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Го заборави ли ти тоа кога ме викна владиката грчки, ме благослови и ме нарече кир Ристаќи за тоа што се определив за грчката партија?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Да дојдеш во мојата партија и да се наречеш кир Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ха! Си стоиш ли на зборот да дојдеш во партијава моја? Да станеш Грк- кир Николаќи!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Зошто измолче за сѐ, зошто... Тогаш се совпаѓаше и твојот прием во Партијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не знам дали тоа старче припаѓаше на некоја партија, но тој говореше за Виетнамците и пламено ја бранеше нивната борба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме повикаа в полиција и ме обвинија дека сум се поврзал со комунистичката партија. Реков дека не е вистина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но го слушав гласот на партијата и го предадов.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас по налог на партијата потпишав во 1936 година.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога Петар Бем ме повика утредента да дојдам на партија шах, ти ја држеше десната шака во левиот џеб на неговото палто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Следната ноќ, по долга и жестока партија што завршува реми, додека ги одбројувам секундите до заминувањето, трудејќи се да не гледам во тебе, го слушаме неговиот спокоен глас: - Марија и ти. Знам за вас.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Партиите течат прилично изедначено. Играме во тишина, и никогаш, за сето време, јас не те гледам во собата за време на играта.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
— Целото Политбиро, вели Оливера Поточка, а имаше и претставници од сите комунистички партии.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А од 1 до 23 јуни, истата година, во Москва престојува званична делегација на Владата на ФНРЈ и е потпишана декларација за односите меѓу Сојузот на комунистите на Југославија и Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Главно ја учиме историјата на сесојузната Комунистичка партија на Болшевиците СКП(б).
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе