паства (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
        
      
    
    
    
      „За македонцките работи“
         од Крсте Петков Мисирков 
        (1903)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Особено е нужно Патријаршијата свето да го чува правото на националното постоење на сета своја паства.
        
      
    
    
    
      „За македонцките работи“
         од Крсте Петков Мисирков 
        (1903)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И недадејно, додека лежи и ги гледа сенките на луѓето од својата солунска паства, кои со денови и ноќи во кои тој око не склопува, еден по еден, поминуваат покрај неговата постела, и можеби зашто е тифусар, само фрлаат поглед и го одминуваат, не одговарајќи на поздравите што тој непрекинато им ги упатува кимнувајќи им, најнапред со глава, потем само со уморните очи, на сите, без оглед на возраста и на статусот: на членовите на советот, почитуваните рабини, солунските амали, манави, ситни дуќанџии, продавачи на риба, мислители, лекари, интелектуалци, новинари, хакхами и шамаши, кошер-касапи и хазани, продавачи на благословено вино, читачи на респонси, и сите, илјадници и илјадници, поставувачи на едно исто, немо прашање...     Главниот рабин не сака повеќе да ги гледа.
        
      
    
    
    
      „Светилка за Ханука“
         од Томислав Османли 
        (2008)
        
        
    
    
   
   
         
	        