петролејски (прид.)

Прочуениот петролејски труст во САД (Standard Oil Company) беше основан во 1900 година.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тие банки самостојно и плански ја развиваа петролејската индустрија, на пр., во Романија, за да имаат „своја“ опора.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тогаш започнува „петролејската комедија“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ширата и мамалигата, и печената пастрма и попатните земјоделски изложби, брзо се забораваат кога на влашката рамнина ќе се појават петролејските кули, чиниш безброј како една шума.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јагулата што рибарот ја извади од реката ме потсети на разумно суштество склопчано во мрежата околу својот сон додека фенерот со мрзелива петролејска светлина бавно но грдо ја разголуваше. декември 2000
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Напливите на исламскиот фундаментализам, по светската петролејска криза во 1973 година, во земјата во која за првпат во муслиманските земји на арапските простори, по радикалните реформи на Ататурк во Турција, по реформите и лаицизацијата на општеството, замислени и спроведени од таткото на нацијата Хабиб Бургиба, започнаа да ја разделуваат земјата и да ги загрозуваат фундаменталните придобивка на револуцијата на Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Медицинскиот државен удар ја спаси земјата од неговите илузии да го стигне местото во историјата, за кое повеќе немаше моќ, со што можеше да ја загрози стабилноста на малата држава под налетите на исламскиот интегризам кој експлодира во светот по големата петролејска криза во 1973 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но ако не го сторите тоа, ако не се откажете од намерата да продолжите со потрагата, обезбедете си светлосен извор, веројатно петролејска ламба, или светилка на батерија, за совладување на пречките што времето ги натрупало по тесните ходници.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)