пиленце (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          И кога најпосле на Трна ѝ се разболе и последната надеж, Пецето, — тој побрза да ја исплаши дека свети Илија толку се разлутил на неа што не ја дава нивата за манастир, та ете и последното пиленце ќе и го прибере.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Нацртај едно коковче! – вели Лидија и Зоки Поки пак црта. – Нацртај му и пиленце!
        
      
    
    
    
      „Зоки Поки“
         од Оливера Николова 
        (1963)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А потоа Зоки сам си скина една цреша и долго време ја задржа во својата рака, нежно и меко како да држи малечко пиленце.
        
      
    
    
    
      „Зоки Поки“
         од Оливера Николова 
        (1963)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Така и коковчето, и пиленцето, остануваат на ѕидот, а Зоки и Лидија продолжуваат да шеткаат.
        
      
    
    
    
      „Зоки Поки“
         од Оливера Николова 
        (1963)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Е, па за тоа те викаме, пиленце.
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          —  Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бесплодни, отровни, смртоносни, убаво пиленце.
        
      
    
    
    
      „Големата вода“
         од Живко Чинго 
        (1984)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Имаш црно под очите, ајде ти в болница за да видиме што е работата, како е, да не е нешто заразно, опасно. Да испитаме, пиленце.
        
      
    
    
    
      „Големата вода“
         од Живко Чинго 
        (1984)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Таа ги имаше прибрано кокошките веќе, а своите пиленца - внучињата кои денот го поминаа надвор, околу зградата.
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Одново на птиците, помислувам,  на полското трнарче, помислувам,  на тоа одлучно и полетно пиленце  на македонските полиња  кое не знае за кафезот.
        
      
    
    
    
      „Две тишини“
         од Анте Поповски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ни врапчињата од небо не се појавуваат, туку и тие еден врз друг чучат,женското долу, а машкото горе и после женското снесува јајченца во седелото и од нив се појавуваат пиленца голуштравци кои сега се веќе големи и праат заедно со возрасните!
        
      
    
    
    
      „Црна билка“
         од Ташко Георгиевски 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој зеде едно од пиленцата и го стави во раката на Рози.
        
      
    
    
    
      „Невестата на доселеникот“
         од Стојан Христов 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Освен што беа претпазливи и итри, тие ни за ронка не беа поинтелигентни отколку кога беа пиленца, стари само еден ден.
        
      
    
    
    
      „Невестата на доселеникот“
         од Стојан Христов 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Учителот весел во мисли ми стои  и овчички мили, и пиленца слатки  и сонцето златесто посилно што сјае  таму во крајот, крајот мој мил.
        
      
    
    
    
      „Поетски блесок“
         од Олга Наумовска 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А јас редам: пеперутка, љубов, пиленце мое мало и сонце, сонце најмило.
        
      
    
    
    
      „И ѓаволот чита пРада“
         од Рада Петрушева 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Јани се поднамести, се навали и рече:  - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)
        
        
    
    
   
   
         
	        