пита (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Што е било? - пита штете,  гиздави девојки,  мене, лада сиромаха,  скитника без рода.
        
      
    
    
    
      „Крвава кошула“
         од Рајко Жинзифов 
        (1870)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
        
      
    
    
    
      „Улица“
         од Славко Јаневски 
        (1951)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Петко слуша, ги запланува рацете на пламенот, потшмркнува, ги брише седите мустаќи и кротко одговара: —    Сполај му на господ, Ристе, здрави сме и живи на саатот, здраво живо од сете на кој пита кој праша.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Гладот ќе те натера и смртта да ја молиш, и од неа да питаш.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Онака, господине, милостина да питам, можеби некој барем за леб ќе ми даде.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 29-31“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Чудно, - ми вели, - јас не питам. Што ми давате пари?
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 29-31“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Родна Караколева им рече Не знам, не го видов откако го кренаа од калта, питајте  во вагонот кај Чана!
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Ова се Цигани- чергари, тие што шетаат низ светот, немаат ни татковина, ни дом, и крадат деца, па потоа ги продаваат во Италија, а таму, газдите што ќе ги купат ги малтретираат, ги осакатуваат и ги тераат да питаат по улиците – објасни Снеже.
        
      
    
    
    
      „Игбал, мојата тајна“
         од Јагода Михајловска Георгиева 
        (2000)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Скитам и питам по туѓи дворишта.
        
      
    
    
    
      „Читај ми ги мислите“
         од Ивана Иванова Канго 
        (2012)
        
        
    
    
   
   
         
	        