плуканка (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Под негова дланка  планина ќе спласне,  со плуканка може  и вулкан да згасне.
        
      
    
    
    
      „Пупи Паф во Шумшул град“
         од Славко Јаневски 
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Заедно со поточето крв и плуканка, од устата му испаднаа две половинки од вештачката вилица.
        
      
    
    
    
      „1984“
         од Џорџ Орвел 
        (1998)
        
        
    
    
   
   
         
	        