подница (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пржено ли пиле, јајца,  младо л' тл'сто јагне,  млеко ил' кисело, л' пресно,  баница ил' мазник,  или пресен леб домашен,  в подница испечен,  пресно ил' сирене, ил' масло  кравско или овчско,  сѐ, што сакат ага-Турчин,  сичко да му дават.
        
      
    
    
    
      „Крвава кошула“
         од Рајко Жинзифов 
        (1870)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Невестата Митра ја кренала последната подница од погачите, но пепелта уште не е ометена, оти тепциите треба да стојат под вршник да не се оладат.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во ќошот на женскиот кат, задолжително стои „месарскиот ковчег" — ноќвите, до него крбла со брашно, па амбарче кај чорбаџиите; а најдолу се наредени подниците, вршниците, а врз нив кацијата за посипување.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Булињата стасаа. Митра кладе подница да се гори, а Доста го зеде кошот да го наполни слама, но Илко не ѝ го даде — да не си го начичка кистот плева, аљти сам зеде и го наполни.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
   
   
         
	        