покара (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мајка да ни бидеш, да нѐ покараш кога ќе грешиме и да нѐ поучиш. {со умилна гестикулација). Ќе дојдеш ли?
        
      
    
    
    
      „Антица“
         од Ристо Крле 
        (1940)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          —    Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дебелиот дури сега збесна. Тој имаше желба да се покара малку повеќе, а еве сешто се сврши одеднаш и без ефект.
        
      
    
    
    
      „Послание“
         од Блаже Конески 
        (2008)