полетен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Проучувајќи ги луѓето, го констатира следното:  оние луѓе што прават долги чекори - се сигурни во себе, цврсти, решителни, енергични; таа сигурност им дава полетност, ги тера бргу да одат, да го грабат патот, да го освојат просторот, да стасаат што побргу до целта каде што тргнале;
        
      
    
    
    
      „Јанsа“
         од Јован  Стрезовски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Одново на птиците, помислувам,  на полското трнарче, помислувам,  на тоа одлучно и полетно пиленце  на македонските полиња  кое не знае за кафезот.
        
      
    
    
    
      „Две тишини“
         од Анте Поповски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Несфатливо брзо и полетно движење на зборовите  како млади дивојарци разиграни по карпите  и бавната, трома мисла  која заостанува зад зборовите  и се крие низ јазикот.
        
      
    
    
    
      „Две тишини“
         од Анте Поповски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И паметам дека тогаш денот беше пролетно топол. Цутеа бадемите и се натпеваа славеите.
        
      
    
    
    
      „На пат со времето“
         од Петре Наковски 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тогаш неговиот весел и полетен пев прострујуваше во куќата и тоа беше сигнал дека Камилски сретнал добар автор меѓу многуте книги во својата библиотека.
        
      
    
    
    
      „Балканвавилонци“
         од Луан Старова 
        (2014)
        
        
    
    
   
   
         
	        