посилен прид.

посилен (прид.)

140. Веројатно е печатна грешка и треба да стои VII век, бидејќи дури тогаш Словените во Македонија се конечно населени и образуваат посилни племенски сојузи за борба против Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Спасот никојпат нема да ни дојде од пропагандите, зашто ако е денеска едната посилна – утре ќе стане и другата таква, а првата ќе ослабне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се допушти за верна таа теорија, ќе биде јасно оти еден народ не секогаш може да устои против притисокот од туѓи соседни народи, а губи еден свој дел во корист на посилниот сосед, и друго, од неа се гледа оти народите можат да се состават од два блиски народа, слеани во едно, како последица на историска неопходност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, на пример, сѐ посилно се чувствува недостигот на дрво, кое сѐ повеќе поскапува – од кожи – од суровини за текстилната индустрија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Паричниот капитал и банките, како што ќе видиме, ја прават таа надмоќност на грстот најкрупни претпријатија уште посилна и тоа во најбуквална смисла на зборот, т.е. милиони ситни, средни и дури и дел од крупните „сопственици“ фактички се наоѓаат во полно ропство на неколку стотици милионери-финансиери.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но колку е побрз развитокот на трговијата и капитализмот, толку е посилна концентрацијата на производството и капиталот, која го раѓа монополот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но од смртта е посилна по патиштата борбата!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Фереџе, пусто, фереџе, те колнам, луто те колнам, клетва од оган посилна, клетва од камен потешка, клетва од смртта пострашна!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Од дворот на гимназијата, најпрвин тивко а потоа сѐ посилно, долета врева на нејасни гласови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го ценев и затоа што призна дека сме посилни од него, им се радував на прикаските што ни ги расправаше за непознатиот скопски Рокамболо, одмаздникот Киро Атевиќ, за кој не знаев постои ли навистина или е измислен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мијале се обиде да се ослободи но ние однадвор бевме посилни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Така си мисли и го капи малиот створ. Со спуштањето во корицето тоа нададе посилна пискотница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ме разбравте што ви реков, сакам да одите кај него и да се смирите со него оти не да сте повиновни, туку зашто сте посилни – треба да бидете подобри.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одеднаш ветерот дувна посилно, го отвори капакот од прозорецот, го тресна од ѕидот, и ветерот, влегувајќи во одајата, крена прав од огништето, го разбушави пламенот од борината, го остави малку да се исправи и потем надојде посилен и го угасна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Марија.“ Нејзината рака посилно го затресе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеја сѐ за него, беа посилни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во таква есен мирисот на болницата е многу посилен, скалпелот посигурен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ми се загледа в очи и со крик што не беше посилен од криците на пауните се потпре со грб на полусува црвенолисна бреза, стана стебло, побрза да пушти жили во земјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дека во себе не можеш да задушиш нешто што е посилно од тебе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И сам, без многуте како мене, бев посилен дури и од нивните топови. И пак се смеев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе