потентен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          За игра љубовна потентна алатка  (клуч француски, а може и секира);  Во сос похуван,  рапаво сетило за зборообразување  и други орални задоволства -  логореа како нимфоманија,  вербален деликт како крвна одмазда.
        
      
    
    
    
      „Сонце во тегла“
         од Илина Јакимовска 
        (2009)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Да ослепат да даде господ, овие што нашироко рекламираат дека на пазарот е достапен целосно природен препарат за потентност за зрелите мажи (кои со своите жени одамна снеможеле и го користат „Џоле“ само за мочкање), што во прилог им оди повторно само на младите „спонзоруши“, кои од сега, освен што уживаат во имотот на своите офарбани љубовници, ќе можат и сексуално да се „упражњаваат“. Во прилог на кампањата!
        
      
    
    
    
      „И ѓаволот чита пРада“
         од Рада Петрушева 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Едниот - млад и потентен, полн со живот и неистрошен, со добро работно место и решено станбено прашање, а другиот - постар, сериозен, очуван, образован, страотно зафатен, непушач и антиалхохоличар и со две опашки (возрасно поколение).
        
      
    
    
    
      „И ѓаволот чита пРада“
         од Рада Петрушева 
        (2013)
        
        
    
    
   
   
         
	        