поткашлува (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Одамна се раздени ... - поткашлува. - Облачно е, душо. Врне.
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не се уморени, и ако заспијат сонот им е плиток: на секое лавнување на кучињата се разбудуваат, се превртуваат и поткашлуваат. Сѐ се слуша во тие зимски ноќи. 32
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ќе ја прилепиш до грнето, вели, и тоа цел ден ќе врие, ќе поткашлува како стар човек, поднастинат, вели.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ја пречекорив првата жена и таа почна да поткашлува.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Поткашлувајќи значајно, старата чавка погледнува наоколу и одеднаш забележува дека детето го снемало: - Каде е?
        
      
    
    
    
      „Слово за змијата“
         од Александар Прокопиев 
        (1992)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Чудно дишеш. Поткашлуваш“, возвраќа другиот човек. Правилно одговарам:  „Можеби малку застуде.“
        
      
    
    
    
      „Лек против меланхолија“
         од Реј Бредбери 
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Стариот железничар нестрпливо си ја  поправаше шапката, без потреба поткашлувајќи во дворот - на чистиот воздух.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 34“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пајтончето прусаше по патот, потсвирнуваше со гумите на свиоците и поткашлуваше со моторот на угорниците.
        
      
    
    
    
      „Синовски татковци“
         од Димитар Солев 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Знам, знам! Позната ми е таа стара многу сугестивна улога на поткашлувањето.
        
      
    
    
    
      „Синот“
         од Србо Ивановски 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Одоздола се чуја чекори и поткашлување. Си идеше Рангел.
        
      
    
    
    
      „Послание“
         од Блаже Конески 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Милан поткашлувајќи си го подготви грлото, си ги замазни мустаќите со горниот дел на дланката и почна да ја пее народната песна.
        
      
    
    
    
      „Невестата на доселеникот“
         од Стојан Христов 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И згора на сѐ, нашиот вујко се гордее со она што го напишал за нас - Додека ги кажува овие непотребни обвинувања Виктор се напрегнува да го имитира изговорот на братот на нашата мајка, она нагласено шупливо шепотење но само во понекој од зборовите, а на крајот на реченицата обврзното поткашлување, како кај вујко ми.
        
      
    
    
    
      „Желките од рајската градина“
         од Србо Ивановски 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Режисерот за време на претставата: „Мрдаш. Не седиш мирно на столот. Поткашлуваш.
        
      
    
    
    
      „Календар за годините што поминале“
         од Трајче Кацаров 
        (2012)
        
        
    
    
   
   
         
	        