предимно (прил.)
За да се разубави положбата на англиската работничка класа, обично се зборува само за тој горен слој, кој претставува малцинство на пролетаријатот“: на пр., „прашањето за безработицата предимно е прашање што се однесува за Лондон и пролетерскиот долен слој, со кој политичарите малку сметаат“…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Полиглот каков што беше – владееше повеќе јазици, едни совршено, други предимно пасивно, имаше во животот повеќе внатрешни битки со зборовите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Карактеристично за нив е тоа што предимно нуделе раскази, а помалку романи во продолженија.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Солун бил предимно еврејски град, но неговата заднина била главно македонска.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Има, навистина, голема доза од наивност и несфатлива противречност во верата што ги насочуваше бомбите на гемиџиите предимно против Европејците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)