препад (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво, ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот обрач.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сѐ одненадеж и сѐ на препад!
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Подоцна, во кафулето, сега веќе само Ана додека одблесокот на Маргарита се повлекуваше пред стварноста создадена од чинцано и зборови, рече дека ништо не разбира, дека се вика Мари-Клод, дека мојата насмевка на одблесокот ѝ причинила бол, дека во еден момент дури помислила да стане и да го смени седиштето, дека забележала како ја следам притоа не чувствувајќи страв, токму тоа беше противречно додека ме гледаше в очи, додека го пиеше својот чинцано, додека се смешкаше не срамејќи се што се смее, затоа што речиси веднаш го прифати мојот препад среде улица.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ми го освои телото на препад. Ме разоружа без да бидам свесна за тоа.
        
      
    
    
    
      „Последната алка“
         од Стојан Арсиќ 
        (2013)
        
        
    
    
   
   
         
	        