претвора несв.
претвори св.

претвора (несв.)

Таа се претвора во престолнина за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во врска со тоа банките го претвораат неактивниот паричен капитал во активен, т.е. таков што донесува профит, ги собираат сите можни парични доходи и ѝ ги ставаат на располагање на капиталистичката класа.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Со каква брзина токму кон крајот на XIX и почетокот на XX век напредуваше концентрацијата на банкарството во Германија, се гледа од следните податоци на Рисер, што ги даваме во скратена форма: Гледаме колку брзо израснува густата мрежа канали што ја опфаќаат целата земја, ги централизираат сите капитали и парични приходи, ги претвораат илјади и илјади раздробени стопанства во едно општонационално капиталистичко, а потоа и светскокапиталистичко стопанство.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но „општите“ резонирања за империјализмот, кои ја забораваат или ја потиснуваат на заден план основната разлика на општествено-економските формации, неизбежно се претвораат во празни баналности или самофалби, како што е споредбата на „великиот Рим со велика Британија“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста ѝ се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Незабележливо квечерината навлегуваше во собата, ги множеше и ги претвораше сенките во непроѕирна маса.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Летно време реката се претвора во поток.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зашто сечејќи ја неа се преполовив себеси во труп претворајќи ја својата снага и рака.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Синтезата на болот и шумата стеблото го претвораат во прашина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Проклет да бидам, сѐ, сѐ се претвора во прав, во ништо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го говорев и тоа што беше напишано и тоа што никогаш не ми паднало дотогаш на памет. - Ох, молчи, молчи, брану див, кажи во овој случај кој е прав, кој е крив, - и, се разбира, вчас стивна бранот, настана една долга пауза, крајбрежните води тивко шумолеа, божем, го предеа платното на вистината, бело, а отровот, невистината се претвораше во малечки, црни меурчиња што ништожно умираа на брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ во снег, во шушлек ти се претвора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во што се претвора крајот тогаш: дали во нов почеток или во нова бездна што нѐ враќа пак назад и пак на исто?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Децата почнаа да се претвораат во дедовци и баби.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Црпнав со лажичето и во тој момент помислив дека можеби е тоа од оние јадења што само вештерките умеат да ги подготват и со нив ги претвораат децата во камења, ама веднаш се сетив дека вештерки во вистинскиот живот не постојат и ми падна жал за старичката на која рацете ѝ се тресеа од старост.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дворот го претвора во бајка.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Запците на чешелот се претвора во мали ѓаволи, омекнуваа и се обвиваа околу дојките како палави, змијолики фалуси.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега секоја куќа, како Калето, се претвараше во тврдина на стравот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми го вади срцето па го става во шамија – во зајак го претвора, го става во цилиндар па го фрла во височина – жолт балон се сторува.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Повеќе