прокуда (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Времиња тешки дојдова уште потешки прокуди, од ден на ден се умира и души бере с години.
        
      
    
    
    
      „Бели мугри“
         од Кочо Рацин 
        (1939)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Севда е тешка, голема, уште потешка прокуда!
        
      
    
    
    
      „Бели мугри“
         од Кочо Рацин 
        (1939)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А јас нѐ истркалаа по лицето на ридот  како скаменета солза  прободена во срцето  од бигорна мака од прокуда и клетва.
        
      
    
    
    
      „Липа“
         од Матеја Матевски 
        (1980)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пијат и ме нудат. Јас се бранам. Ама пуста прокуда. Не вели ми давапати.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се прокуди човекот и не може и да зборува без ракија. Да му се урне гробот на тој што ја измисли! Ковче од ковче да му се разневиди!
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се изнаслушавме и на лелеци и на офки, на пофалби и на прокуди, на благослови и на проклетства.
        
      
    
    
    
      „Захариј и други раскази“
         од Михаил Ренџов 
        (2004)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не знаеше Петре за одењето на жена му кај попот Никола и за прокудата што таа му ја токмеше, ама стравот од такво нешто никогаш сосем не исчезна: цело време тој само го туркаше надолу, му го пикаше перчето под вода, ама тој сепак одново земаше воздух и живуркаше небаре секаква ава му одговара.
        
      
    
    
    
      „Вежби за Ибн Пајко“
         од Оливера Николова 
        (2007)
        
        
    
    
   
   
         
	        