рабуш (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          СТРИКО КОЉО: Сметка правиш? Во наше време повеќе на рабуш се бележеше.
        
      
    
    
    
      „Печалбари“
         од Антон Панов 
        (1936)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И ете, уште на Петковден самиот тој отиде на панаѓур во Бешишта и пиша на рабош 10 товари жито, 18 овци, 22 јагниња, одделно што собра три лири и черек готови пари, толку зеде за брашно, волна, сланина што собра од селото за новиот манастир и го продаде тука в село.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Апостолите Христови седан на него, на рабуш запишуваат кој влегува, кој не влегува во црква.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
   
   
         
	        