разобличува (несв.)

Споменатиот соработник на истото списание Ешвеге ја напиша во 1911 г. статијата: „Плутократијата и чиновништвото“, разобличувајќи го, на пример, случајот на германскиот чиновник Фелкер, кој бил член на комисијата за картели и се истакнувал со својата енергија, а по некое време добил доходно местенце во најкрупниот картел, во синдикатот за челик.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тој ја разобличува жизнерадосноста со која пратениците на интелектуалната дејност, наспроти својот илјадагодишен долг, го жигосуваат чувството на универзалното и ги слават различните партикуларизми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Среде наполеоновската окупација, во климата на патетичниот полет и жестокиот национализам, Гете ја разобличуваше систематската верност на уметникот кон својата татковина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Единствено... Во мојов случај со загатките, неколку мига подоцна, го разобличував имагинарното во перцепциите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ако некоја се накашлаше, речиси, мигновено долу, меѓу нозете, устинките формираа крукче кое потоа се разобличуваше и пак устинките се слепуваа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)