разубавува (несв.)
Разните правила за контрола, објавување на билансите, изработување одредени шеми за нив, установување надзор итн., со што го окупираат вниманието на публиката добронамерните – т.е. кои имаат добра намера да го бранат и да го разубавуваат капитализмот, професори и чиновници, овде не можат да имаат никакво значење.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Тие не ја откриваат, туку ја заташкуваат и ја разубавуваат
„механиката“ на образувањето на олигархијата, нејзините методи, размерите на нејзините приходи, „дозволени и недозволени“, нејзините врски со парламентите итн., итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
- А ако не е тој? го прашуваше неуверливо и расеано општинскиот писар; голема паларија на тркалестата глава величествено го разубавуваше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Е, е... А таа ти е како жените - штом ќе носи плод, се разубавува, со тага и со радост ти ја пои душата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И ние, дојдени од различни места, го ружиме и, во исто време, го разубавуваме и подмладуваме овој град. Овој наш град.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По напорниот врел ден, по почивката и вкусната вечера, децата заскитаа некаде по ливадите удолу, да ги гонат неброените светулки, што со своето светни- згасни ја разубавуваа вечерта и предизвикуваа илјадници најневозможни желби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Меѓу бугарските војници беше дури и пожелно вака да се разубавува животот на француските војници бидејќи тоа докажуваше дека се мекаши и дека печениот бугарски војник ќе победи.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сега мајските дни ја запролетија Софија и ја облекуваат во нејзиното зелено и цветно руво и затоа таа пак се разубавува.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Романските архиекти, очигледно располагале со инвенција која, применета без двоумење, уште повеќе го разубавува и онака убавиот Букурешт.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Оти тие најмногу му се радуваат на празникот, најмногу го разубавуваат. И го паметат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секој ден, секој час тие сѐ повеќе го разубавуваа животот наоколу, - туку гледаш како цвеќе никнато од под камен ќе те изненадат за чудно чудо.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Иконостасот беше тоа што најмногу ја разубавуваше нашата нова црква.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Винстон, покрај редовната работа, секојдневно минуваше долги часови над комплетите на „ Тајмс“, менувајќи ги и разубавувајќи ги написите што требаше да бидат цитирани во говорите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
(Девојките до нас нагло се разубавуваат, небаре се на козметичар а не во бар.)
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
- Кај жените поединостите разубавуваат или нагрдуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа почна да се разубавува и да се дотерува, градите ѝ станаа бели како млеко, кајмаклијата лице пак се научи да го употребува за изразот на задоволството што го немаше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Пријателе, глетка си
пламена далечина ќе бидам
- окото да ми се разубавува
кога ќе те видам.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сигурно мислеше на двете желки, зашто речиси веднаш додаде: Можеби токму бавноста го разубавува животот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
1. Драги Аристин, Вие можеби имате раце и глас од коишто треперат женските уши, мустаќи кои ја разубавуваат вашата насмевка и насмевка која ги разубавува вашите мустаќи, но тоа нема да Ви помогне да станете јунак на оваа приказна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Супер е сега кога се разубавува времето надвор.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)