расее (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          И судбината ги расеала нивните куќи по камењарот кога била пијана.
        
      
    
    
    
      „Две Марии“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Наведнати над оградите на „Галата Ќупри“ можете со часови да стоите и со чудна внимателност да ги посматрате многубројните кајаци, кои се расеале меѓу големите бродови и во водите на Босфорскиот Залив - „Златниот Рог“.
        
      
    
    
    
      „Патувања“
         од Никола Кирков 
        (1982)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сега ми се чини дека не ја пишував јас туку некоја возрасна Alice на која зборовите ѝ се расеале, која не знаела која е: ту ѝ се чинело дека е поголема од куќа, ту дека би можела да се удави во баричка од солзи.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          6  Оваа книга ја пишував јас, онаа јас на која „сите зборови ѝ се расеаја“ токму како и на Caroll-овата хероина Alice.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пациентките се обидуваат да го разонодат и да му го расеат вниманието.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 22“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сум го сквернавел олтарското место и гробиштата. Сум копал за да ја откопам старата омраза, палежите и убиствата меѓу Кочовите и семејството Поцо, за да ја расеам омразата низ целото село.
        
      
    
    
    
      „Бунар“
         од Димитар Башевски 
        (2001)
        
        
    
    
   
   
         
	        