релативно (прил.)
„Децентрализацијата“ за која во горенаведениот цитат говореше Шулце-Геверниц од името на денешната буржоаска политичка економија, всушност се состои во потчинување кон еден центар на сѐ поголем и поголем број стопански единици кои порано биле релативно „самостојни“ или, поточно, локално (месно) ограничени.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Општо земено, зголемувањето во текот на трите последни децении од XIX век релативно не оди многу брзо, и дури првата деценија од XX век донесува огромно зголемување, речиси удвојување за 10 години.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Овој последниот момент е најважен; единствено тој ни ја објаснува историско-економската смисла на она што се случува, зашто формата на борбата може да се менува и постојано се менува во зависност од разни, релативно случајни и привремени причини, но суштината на борбата, нејзината класна содржина никако не може да се измени додека постојат класите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
И затоа сиот Париз, оној работен Париз, го користи метрото како најбрзо и релативно најевтино превозно средство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Многу трговци, многу излагачи од далечниот Северен Виетнам и Северна Кореја, и тие од Индија, Либан, Балканот, Средна и Северна Европа, па и тие од СССР, Западна и Источна Германија, од Англија и САД, сите ги затворија саемските книги во Лајпциг со релативно задоволителни резултати.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Релативно ретко пуштаме крв. Само два пати сме пуштиле.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Како што во деветнаесеттиот век беше тешко да се предочи какви можат да бидат нештата без приватна сопственост, во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век беше релативно лесно да се предочи еден свет без робови и ропството да се смета само како остаток од варварското доба - морално неподнослив за нашироко прифатените интуиции.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Иманентната“ критика на старата парадигма е релативно неефективна.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Иако мескалинот не создава навика, толеранција се развива за релативно кратко време.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Аналогно на тоа, релативно лесно е да се предочи еден свет со еднаква плата за еднаква работа, со подеднакво споделени домашни одговорности, со исто толку жени колку и мажи во позиција на моќ, и др., и да се согледаат присутните нееднаквости како неподносливи за нашироко споделените интуиции за тоа што е право и правда.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Гил ван Брусел, начелник на Одделението за наркотици при Министерството за здравје во Амстердам, смета дека ваквиот пристап претставувал клучен фактор за успехот на холандската политика: „младите можат да ја купуваат дрогата во кафулињата и да видат дека е релативно безопасна. Тие исто така можат да видат дека здравјето на уживателите на јаките дроги е сериозно нарушено“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Очигледно е дека сѐ на оваа планета е релативно, и егзистира независно само доколку во своите односи им се приближува на другите нешта и се разликува од нив...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
До своето преселување во Вашингтон во 1939 год (нејзиниот маж работи како амбасадор во САД до 1948 година), таа е веќе релативно афирмирана вајарка.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Швајцарците го прифатија предизвикот и за масовниот пазар направија релативно евтина серија на часовници со дигитална технологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Забавните паркови се релативно нова културна форма што сѐ повеќе ќе станува простор во кој уметникот ќе треба да истражува.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Почна да пишува релативно доцна.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Меѓу сите вреди да се истакне она што е можеби најдалеку од позитивните конотации на стрпливост, имено „допушта“, што субјектот на толеранција веќе не го означува како релативно немоќен, туку ја истакнува неговата премоќ и презривата или рамнодушна возвишеност на господарот. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 82
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но како тогаш било можно релативно брзото ширење на заедничкиот европски стил?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На оваа плејада од современи метрополи на прагот на XXI век веќе слободно можеме да го додадеме и нашето Скопје, кое преку богатиот македонски книжевен летопис, за релативно краток временски интервал, останува наш, но станува и исто толку туѓ, светски Град.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Музиката е насекаде, сообраќајот интензивен, релативно густ и тивок (за разлика од нервозниот и театрален сообраќај на италијански начин).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)