роси (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој не бега негде во сигурна страна,  тој бегалец не е што потта го роси.
        
      
    
    
    
      „Локвата и Вињари“
         од Лазар Поп Трајков 
        (1903)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кој ја сипе кој ја роси таја слана што покоси по нивјето пшениците по лозјето гроздовите?
        
      
    
    
    
      „Бели мугри“
         од Кочо Рацин 
        (1939)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Од темното небо ситниот и благ дождец росеше.
        
      
    
    
    
      „Волшебното самарче“
         од Ванчо Николески 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Надвор почна да роси ситен дождец... Трајче стана и ја доближи главата до скршеното прозорче.
        
      
    
    
    
      „Волшебното самарче“
         од Ванчо Николески 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сето бело едно прасе, со кадрави руси коси, чадор носи - врз чадорот песок роси...
        
      
    
    
    
      „Најголемиот континент“
         од Славко Јаневски 
        (1969)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кога роси и дете кога си игра на улицата  И мајка од некаде кога довикува  И златна јаболка во дворот кога се ниша  Излезете на молитва  За вечен да биде таа слика  Зашто по многу време ќе застанеш под прозорец  И гледаш:  Веќе е есен и детето во тебе го нема  И пред тебе и сушата и лисјето венат  и ниту роси и којзнае каде е Магдалена...
        
      
    
    
    
      „Камена“
         од Анте Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тебе не те задоволуваат
   патувања во позната насока
   сакаш да кажеш носталгија
   а да не биде типично:
 
   татковинска болест, на пример
   еротиката е носталгија по родниот крај
   (и се раѓаш таму, и свршуваш)
   со топло и сочно подножје
   реагира на допир, роси
   се распаметува, илегално и легално
 
   јас не сум секогаш во јас-форма
   јас е; ти сум; тој си...
        
      
    
    
    
      „Ерато“
         од Катица Ќулавкова 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кални улици се спуштаа од станицата. Небото надурмено - росеше по малку и сешто морничавеше од обилна студена влага.
        
      
    
    
    
      „Послание“
         од Блаже Конески 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Го позна по гласот. - Врне ли? - Да, господине генерале, роси.
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)
        
        
    
    
   
   
         
	        