свирепост (ж.)
Минаа пет генерации откако Завојувачите допловија до Островото. Малубројните потомци, без жестината и свирепоста на прадедовците, постепено исчезнуваа во морето доморотци.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во привидната смиреност на гласовите лежела сурова свирепост и била продолжување на збивањето од пред тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
11 Се прашувам од каде протече тоа страшно зло, таа свирепост, тоа безумно уривање.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Неговото однесување се промени и тој рече со погруб глас: „И ти се сметаш морално супериорен во однос на нас, со нашите лаги и со нашата свирепост?“ „Да, се сметам супериорен.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ми беше доволно да ги отворам овие книги на која било страница, за да го почувствувам зрачењето на едно блескотно присуство кое се наложуваше како егзактна антитеза на сѐ што некаква постојана актуелност без прекин ни ги бодеше очите: омраза, свирепост, лудост и над сѐ глупост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа се подскриваше под превезот на шегата, зашто тоа никому не носеше зло, никому не му наштетуваше, а така најлесно може да опстане, во услови во кои болката вирееше до суровост, до границите на свирепоста на и потаму од тоа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
За миг нејасната пајажина, која тукушто се стопи, повторно се запени за да го изолира од свирепоста на неговото дело.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Незауздани чувства на свирепост и суровост кон себе и кон сите околу себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Една од неговите постојани мисли која му се вртеше во главата и која на Татко постојано му ја кажуваше во различни варијанти беше дека секоја европска цивилизација во својата суштина била заснована врз свирепост, злосторства, варварство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кој нема да сочувствува со нејзината болка, со нејзината вџашена неверба во свирепоста и неблагодарноста на ќерка ѝ?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)