сензибилност (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Среќавањето на релевантни дела во таканаречената медиска уметност ни покажува           дека се тоа дела кои ги демонстрираат начелата на квантната механика (претставувањето на           објектот е зависно од посматрачот, незабележените објекти не се обработени како вистински           работи и случки, туку како склопови од флуктуирачки можности), ја земаат предвид новата           структурираност на сензибилноста и нејзината комплексност (воведување на тактилниот осет),           ја демонстрираат нелинеарноста (егзистенцијални, случајни навлегувања во системите) и го           нагласуваат естетското начело како мерило на новата научност. што мислиме со следново?
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 15-16“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Допир на половите сензибилности, топли и веќе навлажнети.
        
      
    
    
    
      „Читај ми ги мислите“
         од Ивана Иванова Канго 
        (2012)