систематски прид.
систематски прил.

систематски (прил.)

Систематски се развива извесна поделба на трудот помеѓу неколку стотици финансиски кралеви на современото капиталистичко општество: „Во чекор со тоа проширување на полето на дејноста на одделни крупни индустријалци“, (кои влегуваат во управните одбори на банките итн.), „и со ограничувањето на провинциските директори на банките на еден определен индустриски округ оди извесен пораст на специјализацијата на раководителите на крупните банки.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Процентот на продуктивното население се намалува: И, зборувајќи за англиската работничка класа, буржоаскиот истражувач на „британскиот империјализам во почетокот на XX век“ е принуден систематски да прави разлика помеѓу „горниот слој“ работници и „вистински пролетерскиот долни слој“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тоа прашање го поставија сосема отворено и определено пред самиот крај на XIX век и во почетокот на XX век не само американската литература по шпанско-американската војна, и англиската по англо-бурската војна, не само германската литература, која „најљубоморно“ го следеше „британскиот империјализам“, систематски го оценуваше тој факт.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Во опасна близина на цензурата систематски беше кастрирана.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дознав дека нормалната свест е само капка во морето интелигенција, дека свеста и интелигенцијата можат систематски да се прошируваат. Дека мозокот може да се репрогамира.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дека ја сака власта затоа што луѓето од масите се немоќни, плашливи суштества, кои не можат да ја поднесат слободата или да се соочат со вистината, и дека затоа мора да бидат управувани и систематски мамени од други, посилни од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најлошо од сѐ беше тоа што преку такви организации какви што се Шпионите тие беа систематски претворани во несовладливи мали дивјаци, а тоа сепак не создаваше во нив никаков порив за да ѝ се противстават на дисциплината на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Систематски и контролирано ќе се следи здравствената состојба на учениците, како и подобрувањето на средината во која учат и живеат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
9 Заклучоците до кои се дојде се фрапантни и само ја потврдија првичната хипотеза дека, во т.н. транзиција, всушност систематски е спроведуван проектот на работничка гилотина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зошто не можеме разбирливо и систематски да опишеме што е тоа што тој предмет значи за нас, сосе точните влогови во нашата реакција на него?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)