скрца (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Веслата длабоко ја зафатија водата, г’жвите скрцаа, чунот се заниша леко, се навали малку на едната страна и тргна побргу накај високата карпа со која газеше ридот во езерото, а зад која беше живописната рибарска населба - Канео...
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се исплашија од нешто невидливо кое само тие го насетија. Потоа се слушна како скрца ковчегот, како се потстресе.
        
      
    
    
    
      „Захариј и други раскази“
         од Михаил Ренџов 
        (2004)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Перса си отиде прво во кујната, долго од таму се слушаше тропот на чинии, а после  скрцаа вратите и сѐ се смири.
        
      
    
    
    
      „Црна билка“
         од Ташко Георгиевски 
        (2006)
        
        
    
    
   
   
         
	        