слава (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          И со ангелите беше како ангел и со пророците пророк, со сите свети толкувач на славата божја.
        
      
    
    
    
      „Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
         од Климент Охридски 
        (1754)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Блажени да се твоите ангеловидни зеници озарени од божествената слава, тие ми го разгонија слепилото на срцето и го просветија со боговдахновни зборови.
        
      
    
    
    
      „Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
         од Климент Охридски 
        (1754)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Со нив моли се за нас, преподобен учител, што го прочитуваме твоето преславно успение во славата на Пресвета Троица, Таткото и Синот и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во сите векови, АМИН!
        
      
    
    
    
      „Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
         од Климент Охридски 
        (1754)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Расплакана Албанка, косите што си ги куби,  фалби на Кузман му плете,  бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил  можеби маж или дете.
        
      
    
    
    
      „Сердарот“
         од Григор  Прличев 
        (1860)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се чуди со ужас и денес албанското племе  што јунак татко ти беше;  со славата побратен, сердар, тој целото време  беше на херојство решен.
        
      
    
    
    
      „Сердарот“
         од Григор  Прличев 
        (1860)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          За твоето млеко се покажа достојно чедо,  венчан од славата трајна,  и никако не го посрамоти родот ти, Недо,  в скут на победата сјајна .. .
        
      
    
    
    
      „Сердарот“
         од Григор  Прличев 
        (1860)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општословенска слава, – дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело.
        
      
    
    
    
      „За македонцките работи“
         од Крсте Петков Мисирков 
        (1903)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но што чекам јас? „Денес е денот во кој човек може да биде овенчан со слава и венци или со проклетство и срам!“
        
      
    
    
    
      „Духот на слободата“
         од Војдан Чернодрински 
        (1909)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          СЛОБОДАТА: Не заборавај, денеска дојде денот во кој човекот-борец може да биде овенчан со слава и венци или со проклетство и срам!
        
      
    
    
    
      „Духот на слободата“
         од Војдан Чернодрински 
        (1909)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Знам, о роде, ќе дочекаш слава,  може и ек од судбата лош,  може со болка да преклониш глава,  да скриеш срце од дигнат нож.
        
      
    
    
    
      „Песни“
         од Коле Неделковски 
        (1941)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бунтот е тука народен –  „дигнат за живот слободен“,  копнеж на млади контета  за власт и слава проклета.
        
      
    
    
    
      „Песни“
         од Коле Неделковски 
        (1941)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И подарок песна денес ти давам  ка тебе вечен Пирински џин,  за нашата гордост и твојата слава  ти пеам песна, народен син!
        
      
    
    
    
      „Мое село“
         од Ванчо Николески 
        (1950)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
        
      
    
    
    
      „Од борбата“
         од Блаже Конески 
        (1950)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бескрајна радост во срце бие  мил ми е секој ко брат, ко свој,  славата моја кој ќе ја скрие. –  Единајст' Октомври- празников мој!
        
      
    
    
    
      „Мое село“
         од Ванчо Николески 
        (1950)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ајде аирлиа, нека се живи, вековити, да се ќердосаат, некој к'смет господ да му даде“, и си продолжи да си ги брбори другите молитви, па дојде и до: „Исаије ликуј, Свјати мученици и Слава тебе Христе боже апостолом похвала".
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Оваа легенда старите ја поткрепуваат и со заедничкиот селски панаѓур (слава) свети Атанасија зимни, кој го служат сите три села, како некогаш што го служеле сите тројца браќа — Раде, Гале и Вите.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Испратил тој неколку цареви од оваа земја - и турски и бугарски, и српски - а самиот, слава на господа, останал каде што родила мајка му.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Бесмислен вкус.“ „Што тоа? “ праша. „Ликеров. Со таков пијалок не се враќа славата на Цезар. Чао.“
        
      
    
    
    
      „Две Марии“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Слава на алахот што простува гревови направени поради љубов!...
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Утре ти е слава, му говореше жената искрено мразејќи го пожарникарот со бели клепки. Ќе викнеш ли некого од своите колеги.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
   
   
         
	        