у (предл.)
Дали ангели од Бога сте и сте дошле у нас, дали светци сте?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Лели те довеал ветрот у нашава земја, кај што човек не дошол досега, му рекол, ќе ти кажам од кај те познавам, чунки си имал касмет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидеш у мене.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ж'лт - ж'лти прави лицата бледни и ж'лта гостинка у градите носи.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Тутуни садиш, тутуни нижеш, тутун таговно у монопол редиш, ме споменуваш и ем си жалиш денови - крепи тешки си редиш — Величко, мори, другачко златна!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Што ќе им сум јас жив? Да сум некој офицер - у реду!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Чекореше Јагулче Дримски, кога му идеа овие мисли, крај реката, гледајќи во водите јагули, предавници, што бегаа кон запад, по тактот на еден од маршевите на победата, потсвирнувајќи, за да си го забрза чекорот, повторувајќи го постојано стихот Уз маршала Тита у нов бој...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Крилцата се конзумираат уз мацање у разни дипови (умаци) и тупо буљење у пеесте телевизори што се поделени на следниов начин. На триеспет има хокеј, на десет безбол и на пет – карлинг.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)