финансиер (м.)

Џиновските размери на финансискиот капитал, кој е концентриран во малку раце и кој создава необично широка и густа мрежа односи и врски која му ја потчинува масата не само на средните и ситните, туку и на најситните капиталисти и сопственици – од една страна, а од друга, заострената борба против другите национално-државни групи финансиери за поделба на светот и за господство над други земји, – сето тоа го предизвикува општиот премин на сите имашливи класи на страната на империјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Гледаме дека Кауцки, претендирајќи дека и натаму го брани марксизмот, фактички прави чекор назад во споредба со социјал-либералот Хопсон, кој поправилно ги зема предвид двете „историски конкретни“ (со својата дефиниција Кауцки токму се бие шега со историската конкретност!) особености на современиот империјализам: 1) конкуренцијата на неколку империјализми и 2) преовладување на финансиерот над трговецот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
По англобурската војна, сосем природно беше тоа многу почитувано сословие да ги управи главните усилби кон утешувањето на англиските малограѓани и работниците, кои имаа многу загуби во мртви во јужноафриканските борви и кои со зголемувањето на данокот го плаќаа гарантирањето на повисоките профити на англиските финансиери.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„Да, да, се разбира. Го знам јас Г-н Стерјо Пикулис, тој е еден од главните финансиери на оваа модна ревија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)