црепна (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Или ќе ги најдам покрај јазот да прават црепни од кал и лепчиња од кал.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Уште од рани зори момите и невестите, засукани високо над колена, ја газеа калта, притоа низ песни им дофрлаа на сосетките:    Нашите црепни најлични,  вашите црпни - црепутки  Митро ле, моме најлично,  али ти земја грутлива,  али ти криви нозете,  што ти се црепни - црепутки? -  Ихиии!...
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Црепните почнуваа да ги газат, на Руса Среда, 14 април стар стил, но тоа беше само отварање на црепнарската сезона.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Со денови, дури и од други синори, домаќините на своите кримилишта довезува земја, црвеница, за газење црепни.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
        
      
    
    
    
      „Вежби за Ибн Пајко“
         од Оливера Николова 
        (2007)
        
        
    
    
   
   
         
	        