чешле (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ѝ однесе прва китка испратена од Јована. Потоа огледалце, чешле, мониста.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          шишенца, кочанки, чешлиња, мивки, сапунчиња, гризнато овошје, коски, пердуви, распаднати метли и износени опинци, и ги носеше некаде со себе за пак утрината да ги врати и да ги остави на брегот; гледаше кон шеварот и трските во езерото во кои се размножуваа сите водени птици и кои крескаа како нечисти тешки и гадурии, што тука, во старо време се криеле: змеови, азџери, стии, ламји, вештерки, улавици, гидии, сеништа, ветроштиње, таласами, нави, укалци, катари, улери, буици и други сакатури,
        
      
    
    
    
      „Свето проклето“
         од Јован  Стрезовски 
        (1978)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ги собра и другите предмети останати од него: лулата, чешелот за косата, малото чешле за мустаќите и густите веѓи, игли и конци за везење, влечките, географската карта на која беа обележани земјите и местата каде што ги поминал - и сѐ спика во ковчеџето да не ги гледа.
        
      
    
    
    
      „Јанsа“
         од Јован  Стрезовски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Лазор Рогожаров вади чешле и огледалце и почнува да се чешла.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ја фатил главата меѓу дланките и само трза со чешлето.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ете го Лазор Рогожаров и со чешлето ме удира по рамо.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Што му направија за сите девет месеци интернација...?     И види: Застанат пред огледалото, Макс Мертен го вади коскеното чешле од внатрешниот џеб на сивиот ленен костум и сака строго да ја зачешла својата мазна фризура, кога забележува дека нема лице.
        
      
    
    
    
      „Светилка за Ханука“
         од Томислав Османли 
        (2008)
        
        
    
    
   
   
         
	        