чешмиче (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ене го пусто да биде. Над лозјата во присојот. Тоа го викаме Бренското Чешмиче.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
           – Ех! Ако знаеш. Сигурно го знаеш Бренското Чешмиче каде е. Ете тоа сакам да ми кажеш.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И дури стариот да се заврти и да ѝ даде ишарет да не кажува, оваа наеднаш се испушти и му рече на војникот:       – Море, пусто да остане и чешмичето, ами ако е за него, елате по мене, јас ќе ви го кажам, не дека е далеку!!! – и тргна напред преку дворот.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          —    Ете шо ќе правиме: ти вечер ќе си одиш дома и утре в зори те чекаме на Маргара, кај чешмичето, со некој и друг сомун леб.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тие про'ржаа, процвикаа и се вратија назад кон булукот, а Турчинот го поведе дедот Јована кон чешмичето.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Половина час пред средбата веќе бевме на Чешмиче. Сите дојдоа.
        
      
    
    
    
      „Јас - момчето молња“
         од Јагода Михајловска Георгиева 
        (1989)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Велеа дека и онаа чешмичка во горниот дел од Маказар, единствената во тој дел од која се служат луѓето за пиење и за домашни потреби, ќе секне, зашто и таа била носена, дамна, од оној предел горе над патот.
        
      
    
    
    
      „Бунар“
         од Димитар Башевски 
        (2001)
        
        
    
    
   
   
         
	        