втор (бр.) - во (предл.)

Првото со логика го озрачува второто, го намалува скоро до безначај, второто во свој мрак му се трга на првото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А душата моја се тресеше од страв, оти се сетив дека сум прочитал некаде: оној кој клевети и озборува и оној кој го слуша, и двајцата имаат крај себе по еден ѓавол: првиот на јазикот, а вториот во увото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па сепак, тоа беше најслаткото кафе испиено на изгрејсонце, второ во мојот живот, бидејќи првото го бев испила на моето полнолетство, како матурантка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За оние без искуство, разликата помеѓу европејците и американците лежи во тоа што овие вторите во своите дела вклучуваат повеќе тишина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
127 ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА Од независноста на Република Македонија, па сѐ до денес се донесени вкупно два закони за здравствена заштита, првиот во 1991 година, а вториот во 2012 година. 134 Одредбите за штрајк во овој закон се воведени во 1993 година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во дното и десно врати: првата води во салонот, а втората во спалната.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)