двајца (бр.) - во (предл.)

Се нишавме двајцата во самарот, стиснати еден во друг, врели од возбуда која не смеевме да ја покажеме, та молчевме или само повремено ќе изговоревме по некој збор, за да ја свртиме трагата од возбудата за која бевме свесни и за која знаевме дека е забранета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не седи Џемко слободен... Кавурска пушка не дупи...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ги испратија: двајца во Полчишта, двајца во Бешишта, а Асан Јајата и Џемаила во Градешница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина, возот ја зеде Митра и летна по шините нагоре по Вардар, да ги однесе двајцата во „Невратилово".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овие ги нарамија пушките и пак ја запејаа омилената песна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но во тој момент му падна на памет есеношната случка со Толета во Мечи Дол, та реши да ги испратат со мифтишот шесте мина колџии, по двајца в село, и тие, како свои луѓе, да им донесат извештаи за положбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тој му прати прекорен поглед на младичот и сакаше да пречекори кон влезот во автобусот. 46 okno.mk Младичот виде како оние двајца во бели мантили во последниот момент стрчнаа и за час се најдоа од двете страни на човекот во сина облека.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се заинтересира со двајца во бели мантили кои брзајќи се појавија во длабочината на болничкиот влез.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се заинтересира за двајца во бели мантили кои брзајќи се појавија во длабочината на болничкиот влез.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Младичот виде како оние двајца во бели мантили во последниот момент стрчнаа и за час се најдоа од двете страни на човекот во сина облека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Првото што еден во друг си го видоа во очите беше дека двајцата во Бога бараат спасение што, еве, со помошта на златен свети Наум и го најдоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога стигнавме двајцата во родното ми место Струга, вечерта посака старата ми мајка да испее (богарска песна) која што си ја запиша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тахир-бег Јаузоски, Мустафа Салиоски и Костадин Дамчески, силно возбудени, стануваат и секој го турка својот стол нанапред, за да седне на него Лазор, но Максим и Јосиф, двајцата во еден глас велат Вие само седете си, Лазор овдека ќе седне.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И го седнуваат Лазора на столот веднаш до вратата, спроти сонце, а потоа и тие двајцата седнуваат на столот, едниот од едната другиот од другата Лазорова страна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но не бев сигурен кој од нас двајцата во очите на другион изгледаше понесреќен и предвреме поарчен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како редко кога Диме таа ноќ не зборуваше за минатото, се опушти и уживавме двајцата во посебнта ноќ.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како и секаде, и таму биле поделени богатите и сиромашните – оние за кои нивните семејства плаќале високи суми, биле сами, или по двајца во соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара беше сама во собата, и доктор Гете ме убедуваше да дојдам на поседок кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тие двајца во неа беа останати сами за да си свршат меѓу себе некоја своја работа во четири очи, како купувач и продавач, како купувач и џамбас, а тоа, наеднаш, беше всушност толку просто, така што дури и тој сега ја сфаќаше сосема добро упорноста на мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога тргнуваа со оние двајца во црните зори, тие помолчеа крај Дуковата куќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе го земат двајца во некое долиште и ќе го заколат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Излегоа и двајцата во претсобјето и се објаснуваа, оставајќи ме за миг во рацете со она кое штотуку го купував.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Смртта на пајакот, на тоа парче жив сафир од златно зрно на себе, ќе ме растажеше за сите времиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Веќе доаѓаат, - се израдува Барбут- бег. – Ене двајца во голем чун. Веслаат кон нас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Најтажни се празните кревети со двајца во нив, најпразни се очите во чиј отсјај има само празнина.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Не нѐ собира и двајцата во една приказна. Да бевме помали…
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Заради работата околу Прифатниот центар го запоставив златарскиот дуќан во Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кутрото девојче, не можело да го скрие од своите најблиски она што се случи меѓу нас двајцата во куќата на тетка Асја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Почнаа да се гледаат двајцата во полумракот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И пак авторот го има истото чувство дека само што не разбрал што тие двајца во Карпош си велат еден на друг, но пак ни збор не може да расебети иако е сигурен дека слуша кристално чисто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас видов и со мои уши чув оти Едо, Уртето, се поврза таму со уште едни двајца во келијата и, обиди-најди, здуши се, за политика зборувај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знаеше дека има бел отров во очите како оној што личеше на брест, како поднаредникот без веѓи, како тие двајца во оној ден пред тоа на планинскиот пат; знаеше дека нема право на тој збор но уживаше во дрскоста и мислеше на трите маслинки во паркот;и знаеше дека во ова студирање без сведоци може да остане само еден и да биде од тој час псамен патник на планина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не сум стискал никого околу врат, рече, никој не чукаше. тоа е само болна напрегнатост, висок напон на мозокот, недоразбирање на двајца во мене. Тоа, ништо друго.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не си признаа, но двајцата во себе помислуваа дека после ова премрежие, можеби уште довечер да се најдат дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зашто тие двајцата во едно маало растеле, другарувале, комити заедно биле, залакот леб што се вели, го делеле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
29. Нѐ однесоа во Бурели. Двајца по двајца во ќелија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога наближија го видов токму Боро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше со уште двајца во патрола. Му свикав: Стој!, и му ја побарав лозинката.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Додуша шеткаа меѓу рисјаните уште неколку маалски попови, по еден до двајца во маалата Генко, Рале и Станимир, ама и тие се топеа како пена од ден на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога стасаа пред манастирот, ибн Пајко сјава и не ги пушти нив двајцата во манастирската авлија, туку влезе сам, не сакајќи да ја покажува својата накалемена сила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се гледаа двајцата во стемнетата одаја, а очите им светеа како жарчиња. Пријатели се или непријатели?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)