Судијката (Х. Мешкова) го прифати предлогот и на истото рочиште донесе таква пресуда со којашто, нормално, го усвои тужбеното барање на Љ.Н. и го задолжи тужениот работодавач – во рок од осум дена од приемот на пресудата – да му ја исплати вкупната сума за осумте заостаната плати во висина од 46.327 МКД (750 ЕУР), зголемена за законската казнена камата која течеше до денот на исплатата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради тоа што, во меѓувреме, придонесите кон ФПИОМ беа исплатени, адвокатот го повлече овој дел од тужбеното барање – по што полномошникот на „Охис“, кој не го оспори побарувањето ниту по основ, ниту по висина, а заради економичноста и целисходноста на постапката, предложи да се донесе пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)