бев (гл.) - луд (прид.)

Овој човек во суштина не беше луд, а ова го знам и оттаму што тој никогаш не рекол „луд сум”. животот на Kosznovszki Marton, или ако повеќе ти се допаѓа Monty Cantsin, беше стравично едноставен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Попрво би се рекло дека Томо беше лудиот кој во своето нервозно објаснување ги испревртуваше вистинските настани.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Арслан беше луд по фудбалски натпревари и сарма.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа, висок и ишчешлан, гледајќи ја Јана мирно в очи, соопштува - тој беше луд; сега седи зад решетки и гризе малтер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога во тоа време зборував со Американците, ме прашуваа: „Кога последен пат сте биле таму?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неколку години подоцна, кога вистинските побуди од овие гласини полека почнаа да паѓаат во заборав, се случуваше некој американски сноб да се сети на помодната идеја за Хичкоковиот пад и да ја прогласи за своја критичка оцена. •Хичкок:„Немојте да мислите дека бев луд по сето она што беше американско, но за филмот сметав дека е нивен начин на работа, бидејќи навистина беше професионален, далеку понапред во однос на другите земји.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
…по третата можеби четврта чинија салата четвртата можеби петта чашка лоза го прашав како ти беше тој одговори сосема мирно голтајќи сочни резниња домати се префрлав на свој терен густирав лоза со салата од домати тоа беше убедливо мое мечтаење моја игра само јас можев да ја одречам а не бев луд да го направам тоа нели…
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таму нè прифаќаше другарот Мирјанче Делоски, нашиот учител по хигиена, тој беше самоук бербер, и никој не беше луд да се шегува со него кога главата си му ја дал во неговите огромни рачишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но не можеше да се рече дека тој сосема беше луд.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Што имаше врска тоа што беше луд, уште поубаво, секоја задача ја исполнуваше без збор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најпрвин треба да ви објаснам дека тој има посебна слабост за секакви технички дрангулии, и во тоа време беше луд по грамофони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само што си го беше купил својот прв грамофон и таков наивен каков што си го дал господ, сè му поверувал на продавачот - посебно, дека грамофонот можел да го репродуцира секој звук, Хај-Фај, демек. 114 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само разбрав дека моите прсти, овие прсти, месје, остро се забоцуваат во топлото, драго место на Жаклин. Бев луд од болка. Тоа е сѐ што паметам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)