бев (гл.) - чуден (прид.)

Скроија некаков план, набрзинка, тие двајца момци кои, бездруго беа чудна спојка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговите подвизи беа чудните жени во неговиот живот, чудната смеа на неговите волчи заби, чудната крв под неговата темна кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беди:Зеро беше чуден феномен, пола група пола девојка, ха!
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Тоа беше чудна желба, од која ужасно се плашев, а многу ме привлекуваше, - рече таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Си ја оствари? – прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го прашав повторно, се осмелив, дали нема да пречи ако пак почнам да барам... да ги читнам пак малку „огласите”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Третата, близу скалите, беше чудна, требаше да биде некаков мал салон... ама со скоро ништо внатре... една маса среде, две столчиња и една единствена слика на ѕидот... една репродукција, огромна, на „Ангелус”-от на Миле...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Седи тука, бе!, ми вика...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Макар што му беше чуден и не толку разбирлив стилот на Горски, сепак Дримски покажуваше барем навидум особена доза на внимание додека го слушаше како зборува: - Историјата не нѐ милувала многу во минатото, но, и географијата не ни била дарежлива.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Многу од песните што ги пееше беа чудни, меланхолични, „канцони“ со ниски тонови коишто ги беше научил од мексиканските овчари и „фармери“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трубадурот остана на ранчот. Тука имаше мир, тишина и почит, какви што немаше најдено во бучните кампови на кралевите на добитокот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)