биде (гл.) - помилува (гл.)

Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја пречека Мурџо скокајќи околу неа како во онаа година кога Пеличка сѐ уште беше во нејзиниот стомак, беше желен да биде помилуван по главата како знак дека таа ја нема изгубено довербата во него.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дедовците и бабите беа согласни да се предадат бунтовниците – нивните синови и внуци – но никаква гаранција не гледаа во црниот калуѓер, дека ќе бидат помилувани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)