Сепак, најинтересно е издвојувањето на трите ситуации кои го     покажуваат односот на субјективитетот кон идеологијата: 1) индиферентноста (“состојба     кога поединецот не ја смета идеологијата за значајна за својот живот”, или кога идеологијата     не успева со убедување и индоктринација да го механизира поединецот); 2) отфрлањето     (може да биде a priori отфрлање, - кога поединецот отфрла една идеологија како следбеник     на друга идеологија, и a posteriori, - кога ја отфрла сопствената идеологија; може да биде     целосно и парцијално, чин или процес, може да биде единично или масовно, глобално     отфрлање...); и 3) прифаќањето, интернализирањето - како процес на општествена     (идеолошка) конструкција на стварноста (каде што поединецот му е ‘даден’ на општеството/     идеологијата) и како процес на самоконструкција - каде што општеството и идеологијата му     се дадени на поединецот.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 6-7“
              
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Во четвртата глава, станува збор главно за идеологијата изменета од поединецот, за     идеологијата во „персоналниот систем на знаење“, за „структурата на идеолошкото знаење     во свеста на поединецот“.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 6-7“
              
              (1994)