бутне (гл.) - во (предл.)

Ми се вовре во грлото, ми се лизна во душникот, ми ги наполни џигерите, ме бутна во вителот, а вителот во вирот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А одонде, од работ на шумата на четирите годишни времиња, Пишпирик и Барбут- бег се одмаздуваа со зборови: - Измамници! - Џепџии! - Во сулфур да горите!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да ѝ купам на Зора леблебија, да ѝ се бутнам во гаќи.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Тие му порачуваат на Американецот кои снегулки ќе ги бутне во уста, кои кекси ќе ги соџвака, која конзерва ќе ја проголта, кој пијалок ќе го испие, кои бомбони ќе ги грицка...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Беше потребно да се измисли несреќа со висечки мост за филмот “The falls” и така беше пронајден Силниот Непознат Настан - скратено СНН - за да можат деветнаесет милиони личности да се бутнат во една ненадејна, далекусежна и несфатлива катастрофа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа што ја бутнале во кафез е проблем на газдите, не нејзин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гардистите не ги гонеа. Само ревеа. Потоа ме бутнаа во чунот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)