возврати (гл.) - со (предл.)

Добро, Пајо, возвратив со мисла. Ќе молчам и не ќе мудрувам веќе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Александар и Бојана му возвратија со широки насмевки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Рада по секоја цена настојуваше да ја избегне оваа незгодна тема. Се обиде да возврати со прашање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Возврати со чистинка на грлото низ кое зборовите се истураа сами: - Највеселата вечер на човештвото ја прогласувам за отворена!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Здивот ми се скуси. Треперив. Можев и да се обесвестам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
-Томо ја бакна Рада со истиот оној младешки жар од пред дваесет и шест години, на што Рада му возврати со иста мера, по што следеше прстенувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сеќавањето на мајка си му го кинеше срцето затоа што таа почина сакајќи го, додека тој беше премногу млад и себичен за да ѝ возврати со љубов и затоа што на некој начин, - не се сеќаваше како - таа се беше жртвувала себеси на едно сфаќање на лојалноста, кое беше приватно и непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)