гледа (гл.) - твој (прид.)

Овде си постојано, ги гледам твоите зеници како танцуваат на моите трепки, а твоите раце се гушкаат со моето тело.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тргнав кон Брезница, влегов в село и гледам твојата куќа прва и настранета така како заради мене да е правена, за тој што ќе ми биде јатак.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој ми велеше, на секој предмет од куќава се гледа твојата љубов, твоето спокојство и твојата душевна шир. Јас летав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога бабачкото ќе се изнамава, ти кинисуваш напред, всушност, кинисуваш да си ја гледаш твојата работа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Јадна бабо, писана ти бабо, гледам твоја тага, гледам, бабо, тешко ти е, на душа и срце.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ја гледам твојата крв и не можам да мислам на венци.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Радувај се мамо! Пред себе ја гледаш твојата ќерка како наставничка со дневник во рацете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги гледам твоите јагодични коски како минуваат покрај хромираните полици со париска кожа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)