гребе (гл.) - во (предл.)

Мислата... Мислата... Таа му гребеше во душата. Таа го мачеше. Мислата... Не можеше да ја совлада... И бегањето, и пиењето - сѐ беше попусто...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мирон Донски продолжи длабоко да гребе во неговата душа: - И самите гледате дека, колку и да се напрегате и да работите, никогаш не ќе успеете да ги преведете сите сиџили. Тие се пишувани со векови...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако се гребеше во нив како во разнесените бои на светците во храмовите, ќе се откриеше новиот слој на верување кој не можел да се ослободи од стариот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Земјанката се наполни чад. Од очи истиснува солзи, гребе во грлото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се бранувала, силно удирала и гребела во него, како тој да бил причината за сите нејзини неволи и фрустрации, и не се смирувала сѐ додека не го расчистела својот пат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)