демне (гл.) - во (предл.)

Беше една мисла и тој на неа не можеше да си ја препознае како своја, сепак; ја отфрли уште следниот миг недомислена, но таа остана негде скрајума да демне во него, како отворено око на непрепознавањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очите на мачорот беа вперени во него, а во длабочината на неговите жолтозелени зеници Милан сега го виде отсјајот на ракунот, како демне во ноќта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Подготвеноста за компромис демне во секоја ситуација, најчесто како самоодбранбен рефлекс во одбрана на животот од налетите на непредвидливата балканска историја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неговите придружници можеле да бидат исто така пци пуштени од синџир но тешко го стасувале - Онисифор Мечкојад брзал, потрчнувал кон нагорнината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не стаса ни да помисли на нешто како на вреденост и разжаленост; тоа остана да демне во него само како уште едно далечно, тенко, но заедно со тоа и толку злокобно знаење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но кутрата не знае какви опасности ја демнат во планината, каков волчји поредок владее таму.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)