довикне (гл.) - на (предл.)

- Ако мислите да почивате, - му довикна на Претседателот низ густиот рој снежинки, што виореа меѓу нивните лица со побелени веѓи, - почивајте откако ќе ја префрлите Големана Пресека. Немојте никако пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Рецептите најмалку помагаат, почитуван, посакав да му довикнам на Стариот писател додека го заобиколував Самоников и главата на тигарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ додека сета таа развресканост не почна да се собира сѐ околу еден чуден, можеби и недостатно осмислен, но и највистински повик, што имаше тој да ѝ го довикне на морничавата сивина: - Дај луѓе. Даааааааааај лууууууууууууѓеееееееееееееееееј...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А кога ја заврши тирадата мене ми се обеси на вратот и им довикна на неканетите туѓинци во нивниот извештај да натокмат дека ваков акт на интимност не водела таа само со еден туку со двајца.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)