Потем, полека се наведна и нежно ѝ ги допре меките усни што в час му исшепотеа толку многу љубов од којашто како да настапи едно бесконечно радосно лебдење во простори каде што тревјето беа бујни, дрвјата расцутени и сè толку разно бојно, што луѓето изгледаа среќни поради толку гласната смеа на сите деца на светот.
               
             
           
            
            
              „Човекот во сина облека“
               од Мето Јовановски 
              (2011)