Или навистина стануваше збор  за обично влакно на полноќен гуштер?  (Една од оние влечуги  со коса низ која поминува патец  од челото па сè до окото на опашот)  А со перчиња збрани во плетенки што се  влечкаат под шарената утроба на гуштерот  Најпривлечни се сепак скапоценостите  што сонот ги чува  и оние што сонот ќе побрза да ги скрие  кога ќе ги допре нашето будно око.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)