Објава
 
   
 
   повеќе драми се случуваат
   во мигот на обраќање
 
   зборовите ги одгледавте
   но срцето
   неприпитомливо
   интимно
   тера по свое
   граѓани
 
   час е кога мораме
   да погледнеме
   во мисловните спреги
 
   од нив зависи
   тежината на зборот
   климата на подрачјето на душата
   обновата на смислата
   младоста
   граѓани
 
   час е да се свртиме
   еден спроти друг
   со силата на љубовта
 
   во име на огнот
   допуштам да се размножува
   симболиката
   на Дрвото.
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
               
             
           
            
            
              „Црни овци“
               од Катица Ќулавкова 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Актерите се сѐ повиртуозни, камерата е           постојано под агол, дречливите бои се спојуваат и судираат создавајќи визија на           усвитена Америка.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Освен што, нормално, Стоун не ви допушта да останете назад. NBK го “дрпнува”           секој можен визуелен трик на авангардното и меинстрим кино - морфинг, проекција           наназад, успорени снимки, анимации и пиксилации - и во два делирични часа ви           ги фрла в лице како лушпи од портокал.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Започна со сценариото           на Квентин Тарантино (Reservoar Dogs), потоа вретеното почна да се врти: На           Тарантино му беше доверена приказната, Стоун и неговите соработници Дејвид           Вилоз и Ричард Рутовски се занимаваа со екранизацијата.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Велам: и ако сум таму? (Зашто сето ова го мислам со тајната предност да не сакам всушност да поверувам.
               
             
           
            
            
              „Црни овци“
               од Катица Ќулавкова 
              (2012)