Еднаш, заедно со испокинатиот писок на дивината во ветривата ноќ, ситен во сето тоа рикање на југовината низ Белата Долина, тој успеа да ја дослушне и онаа тенка свирка на водената шурка, што беше потекла низ сифонот, долу, каде што беше машинеријата на неговата бичкија; беше тоа едвај чујно пиштење на металното копанче на турбината; знаеше дека сè уште му е рано.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)