достои (гл.) - на (предл.)

Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа си достоја на клетвата дека без него нема да живее.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си достоја на клетвата и бесата, та во писмото, не само што не ги нападна селаните, ами навистина ги бранеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако понекој имаше да им го каже патот, тие со сила беа земени од тој ајдутин Толета и без оружје одеа, та при првите пушки од аскерот се разбегаа и никаков кедер не направија“ стоеше во долгиот мудуров и јузбашиев извештај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во вршидба време отиде во Битола со десетина селани и на излегувањето сите изнесоа по две три. Раиф ефендија си достоја на зборот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тргуваа луѓето со што можеа; Раифа не го гризеше совеста што продава пушки на христијанин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)